Барселона се откажува од Нејмар – позната причината!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Нејмар ова лето беше во центарот на шпекулациите дека ќе се враќа во Барселона, но на крајот, покрај се остана во ПСЖ.

Барселона имаше намера да го врати Нејмар во своите редови откога виде дека Бразилецот има желба да го напушти тимот на ПСЖ. Нејмар сфати дека пред две години направил грешка што го напуштил каталонскиот клуб, но на крајот двата клуба не успеаа да се договорат.

„Мундо Депортиво“ денес објави дека Барселона веќе сериозно размислуваа да се откаже од Нејмар. Неочекувано во првиот тим се најде 16-годишниот Ансу Фати кој воодушевува со своите партии, па многумина сметаат дека Нејмар може да го „забави“ неговиот развој.

Во прилог оди и фактот дека Нејмар ги изневери сите во клубот кога пред две години отиде во ПСЖ, а набрзо после тоа ја тужеше Барселона бидејќи не му беше исплатен долг за лојалност од 26 милиони евра.