Home Спорт Барселона ќе му плаќа „пенали“ на Рабио

Барселона ќе му плаќа „пенали“ на Рабио

Се чини дека целата „сапуница“ околу иднината на Адриен Рабио конечно ќе биде готова.

Рабио на крајот на месецов ќе стане слободен фудбалер, бидејќи му завршува договорот со ПСЖ, а според последните информации кариерата ќе ја продолжи во Јувентус.

Рабио претходните шест месеци не настапуваше затоа што одби да потпише нов договор со ПСЖ, па беше префрлен во јуниорскиот тим.

Многумина сметаа дека Рабио ќе се пресели во Барселона, со која имаше пред-договор, но Каталонците го прекршија и решија да не го ангажираат Французинот.

Шпанските медиуми објавија дека поради тоа Барселона ќе мора да му плати два или три милиони евра како „пенали“ бидејќи го прекршиле договорот.

„Скај Италија“ тврди дека Рабио веќе има договор со Јувентус и во наредните денови се очекува официјализација на трансферот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…