Home Спорт Барселона бира нов тренер, списокот е долг, навивачите веќе избраа!

Барселона бира нов тренер, списокот е долг, навивачите веќе избраа!

Со оглед на фактот што тренерот на Барселона, Ернесто Валверде се уште го нема продолжено договорот и неговата иднина на „Камп Ноу“ е неизвесна, раководството веќе почна да му бара заменик, пренесува „Марка“.

Договорот на 54-годишниот стратег истекува на лето, но за сега Валверде не покажа сигнали дека сака да го продолжи. Поради тоа од „Камп Ноу“ направиле долг список на имиња, кои би можеле да седнат на кормилото следната сезона.

На списокот се наоѓаат Арсен Венгер (без ангажман), Лоран Блан (без ангажман), Роберто Мартинез (Белгија), Тиери Анри (Монако), Чави Ернандес (уште игра), Жорди Кројф (Лифан, Кина), Кике Сетиен (Бетис)…

Во анкетата која ја спроведе „Марка“ фановите на Барса најголема доверба им дадоа на Сетиен и Чави, по 30%. Потоа следува Роберто Мартинез со 13% гласови.

https://twitter.com/FCBarcelona/status/1080787369442402304

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…