Барса спреми одговор за засилувањата на Реал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Она што на почетокот почна како меѓусебна симпатија би можело да заврши како еден од најзвучните трансфери ова лето.

Имено, како што пренесува „Мундо Депортиво“ Барселона е сериозно заинтересирана за ѕвездата на Ница, Жан Мишел Сери и веќе презела конкретни чекори за негов ангажман.

25-годишниот фудбалер од Брегот на слоновата коста оваа сезона игра извонредно во дресот на Ница и го привече вниманието на многу европски гиганти, а самиот истакна дека неговиот сон е да заигра во Барселона.

„Не знам што носи иднината, но сакам да ја искористам шансата доколку се укажи и еден ден да заиграм за Барселона. Тоа ќе биде исполнување на мојот сон.

Играчот за врска пристига во Ница за само 700.000, а моментално неговата цена изнесува околу 15 милиони евра.