Home Спорт Барса победи, но тоа што го направи Маскерано е главна вест во светот!

Барса победи, но тоа што го направи Маскерано е главна вест во светот!

Фудбалерите на Барселона синоќа го совладаа нисколигашот Херкулес со високи 7:0 и така го осигураа настапот во следната фаза од Купот.

Тоа беше рутинска победа за каталонскиот гигант, кој на терен излезе со комбиниран тим. Водечкиот гол го постигна Лукас Дигне, па откако почна да слави со своите соиграчи, на сцена стапи капитенот Маскерано.

Имено, Аргентинецот го натера Французинот да престане со славјето и да се врати во одбраната за натпреварот да може да продолжи. Младиот бек можеше само да ја спушти главата и да се врати на своето „работно место“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…