Home Спорт Барса не се откажува од Нејмар: Преговорите не се завршени!

Барса не се откажува од Нејмар: Преговорите не се завршени!

Барселона не се откажува од намерата да го врати Нејмар на „Камо Ноу“, потврди таткото на фудбалерот.

Бразилецот се пресели во ПСЖ пред две години за рекордни 222 милиони евра, но има силна желба да се врати во Барселона.

Ова лето двата клуба водеа долги преговори, но на крајот не постигнаа договор и Нејмар остана на „Паркот на принцовите“.

Сепак, каталонскиот клуб не се откажува од Нејмар, а неговиот татко и фудбалерот не губат надеж за враќање на „Камп Ноу“.

„Како агент, се чувствувате беспомошен кога нема структура која ви овозможува да заминете. Нема откупна клаузула, и тоа ги прави работите многу тешки. Се мачевме да пронајдеме договор. Го дадовме максимумот, одработивме најдобро што можевме, но и тоа не беше доволно на крајот“, изјави Нејмар сениор.

„Бразилец сака да биде онаму каде што е среќен, и Нејмар беше среќен во Барселона. Преговорите помеѓу клубовите не се завршени“, додаде таткото на Нејмар.

https://youtu.be/conzzu95aDw

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…