Барса ќе поднесе жалба до УЕФА после поразот од Интер за контроверзните одлуки на судијата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од Барселона размислуваат да испратат жалба до УЕФА поради судењето на вчерашниот меч со Интер кој заврши со победа на домаќините 1:0.

Каталонците сметаат дека судиите покажале двоен стандарт за спорните ситуации во казнетиот простор на Интер во второто полувреме.

Најпрво на Барселона и беше поништен гол поради игра со рака на Ансу Фати, а потоа не беше досуден пенал за Каталонците, иако Дамфрис играше со рака во казнетиот простор.

Во првиот случај судијата Вишниќ ја гледаше спорната ситуација на ВАР, а во вториот случај донесе одлука без да гледа.

Барселона ќе поднесе формална жалба до УЕФА за судењето, пренесува „Ас“. Покрај тоа, клубот ќе побара нивните натпревари никогаш повеќе да не ги суди Пол ван Буекел, видео судија кој работеше и на натпреварот со Интер и на неодамнешниот натпревар со Баерн (0:2).