Барса го декласираше Реал на Бернабеу со 4:0


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона вчера вечерта на „Сантијаго Бернабеу“ го декласираше Реал Мадрид со 4:0.

Каталонскиот клуб на најдобар начин вчера покажа дека се врати во форма и славеше убедливо на теренот на најголемиот ривал. Барселона поведе со 1:0 со голот на Обамејанг, додека во финишот на полувреме за 2:0 стрелаше Араухо. Каталонците и на почетокот на второто полувреме беа многу подобар тим, целосно ги надиграа „кралевите“.

Веќе во 47. минута Барса го постигна и третиот гол, после една фантастична акција мрежата на Куртоа ја погоди Феран Торес. Само четири минути подоцна Барселона веќе водеше и со 4:0, за тоа се погрижи Обамејанг со својот втор гол на натпреварот. До крајот Барселона пропушти уште неколку големи прилики и оваа победа можеше да биде поубедлива.

Колку на фудбалерите им значи овој триумф најдобро покажува постапката на Пике кој само две минути по завршувањето на натпреварот објави краток статус на социјалните мрежи.