Home Спорт Барса добива „кинеско богатсво“ за летното промашување!

Барса добива „кинеско богатсво“ за летното промашување!

Малком ова лето пристигна на „Камп Ноу“ како големо засилување, но не ги оправда очекувањата и веќе е прогласен од страна на медиумите за големо промашување.

Сепак, Барселона ќе може добро да заработи на неговата продажба, бидејќи еден кинески клуб е спремен да понуди 65 милиони евра за 21-годишниот Бразилец.

Малком ова лето пристигна од Бордо за 40 милиони евра, но добива многу мала минутажа кај Валверде, па и тој е на „искушение“ да ја прифати богатата понуда од Кина.

Интерес за неговиот потпис покажува Гуангжу Евергранде со кого Барселона има одлични односи после трансферот на Паулињо.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да каже ДА на богатат понуда, па сега се е во рацете на фудбалерот.

https://youtu.be/rQJFAySObVc

Load More Related Articles
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…