Барн Минхен го отпадна ПСЖ од Лигата на шампионите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Скапиот тим на ПСЖ уште ќе чека на толку посакуваната титула во Лигата на шампионите за која шеиците од своето доаѓање потрошија и над милијарда евра. Вечерва „светците“ кои беа предводени од Мбапе и Меси повторно изгубија од Баерн Минхен со 1:0 како и во првиот натпревар во Париз.

ПСЖ во Минхен допатува ослабен и без Нејмар, сепак тука беа Мбапе и Меси, но и со нив клубот од Париз во два натпревари не постигна гол против Баерн. За погодок ПСЖ имаше голема прилика во првото полувреме кога Де Лихт интервенираше од гол линијата.

Имаа иницијатива гостите во торото полувреме, меѓутоа реализацијата остана и Баерн успеа да се одбрани.

Во 61-та минута Чупо Мотинг стрелаше по асистенција на Горецка, претходно голем кикс направи Марко Верати кој ја изгуби топката пред својот гол. Чупо Мотинг ја тресеше мрежата и претходно, но тој гол по реакција на ВАР беше поништен.

Конечните 2:0 во финишот ги постави Серж Гнабри откако се најде во ситуација „еден на еден“ со Донарума.