Home Мода и убавина Бананината кора – „природен ботокс“ на Gen Z генерацијата што го освои TikTok!

Бананината кора – „природен ботокс“ на Gen Z генерацијата што го освои TikTok!

Ако нешто знаеме за TikTok, тоа е дека на секои неколку месеци изненадува со нов тренд за убавина што ветува чуда.

Овој пат, Gen Z откри „природен ботокс“ што речиси ништо не чини – кора од банана! Да, добро прочитавте. Според стотици вирaлни видеа, ако ја триеме внатрешноста на бананината кора по лицето, ќе добиеме затегната и сјајна кожа.

Но, да видиме што точно подразбира овој метод и, уште поважно, што велат стручњаците!

ТРИК ШТО ГО ОСВОИ ИНТЕРНЕТОТ

Сè започна кога TikTok корисниците почнаа да објавуваат видеа каде што го масираат лицето со кора од банана. Тие што го пробале велат дека нивната кожа станала видливо посветла, хидрирана и – според некои – „затегната“ како по ботокс третман.

Како ова функционира? Поддржувачите на методот тврдат дека бананата содржи лутеин, моќен антиоксиданс кој помага во намалување на фините линии и брчки. Исто така, некои велат дека делува како благ ексфолијант, отстранувајќи мртви клетки и освежувајќи го тенот.

Многу TikTok корисници дури тврдат дека целосно го замениле ботоксот со овој едноставен трик. Но, дали навистина е толку ефикасен?

ШТО ВЕЛАТ ДЕРМАТОЛОЗИТЕ?

Стручњаците не се толку импресионирани. Иако корите од банана навистина содржат корисни состојки, дерматолозите истакнуваат дека тоа што ги нанесуваме на кожата не значи дека таа ефикасно ќе ги апсорбира.

Дополнително, количината на лутеин во кората е премала за да има значително влијание врз брчките или еластичноста на кожата. Со други зборови, ова може да биде забавен DIY експеримент, но не е замена за научно потврдени методи за нега.

А да не заборавиме дека ботоксот делува на мускулно ниво – нешто што ниту еден природен состојк не може да постигне. Ако сакаме вистинско затегнување, треба да се обратиме за професионални третмани.

ДАЛИ Е БЕЗБЕДНО ДА СЕ ПРОБА?

Добрата вест е дека, за разлика од некои други ризични TikTok трендови, овој трик не е опасен. Единствено на што треба да внимаваме е можната алергија на банани.

Ако сакаме да пробаме, доволно е да ја истриеме кората на чисто лице неколку минути, а потоа да се измиеме со вода. Веројатно нема да видиме драстични резултати, но барем ќе добиеме лесна хидратација.

МОЖЕ ЛИ КОРАТА ОД БАНАНА ДА БИДЕ КОРИСНА НА ДРУГ НАЧИН?

Можеби не е чудотворен anti-age третман, но корите од банана имаат многу други интересни примени:

– Олеснување на убод од инсекти – Ако не каснал комарец, бананата може да ја намали иритацијата и чешањето.

– Намалување на темните подочници – Некои тврдат дека ако ја ставиме под очите, кората може да го намали отокот и да го освежи изгледот.

– Природно избелување на забите – Постојат гласини дека триењето на кората на забите може да придонесе за нивна белина!

ДАЛИ ВРЕДИ ДА СЕ ПРОБА?

Ако бараме едноставен и ефтин начин за освежување на кожата, можеме да го пробаме трикот со кора од банана – но без големи очекувања. Дефинитивно нема да го замени ботоксот, ниту магично ќе ги избрише брчките.

Сепак, ако ништо друго, овој тренд ни дава совршен изговор да јадеме повеќе банани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Мода и убавина
Comments are closed.

Check Also

Пастелен француски маникир што веднаш ќе ве воведе во пролетно расположение

ПАСТЕЛЕН ФРАНЦУСКИ: МАНИКИР КОЈ ЌЕ ВЕ ВОВЕДЕ ВО ПРОЛЕТНОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ Пронајдовме 10 сов…