Home Вебкафе Балканот се „кине“ од смеење на „документарецот“ за карантинот во Србија

Балканот се „кине“ од смеење на „документарецот“ за карантинот во Србија

Регионот фаќа сеир и се смее на краткото видео за карантинот во Србија, кое беше објавено на YouTube.

Во триминутниот филм ,,Национална географија – Србија во карантин” , Србите се споредуваат со животни кои живеат во дивина и се борат за свој, но и за опстанок на нивниот подмладок. Се споменува дека најстарите примероци на хомосапиенсот во Србија не смеат да ги напуштат своите засолништа со одлука на владејачките елити, така што тие зависат од волјата на помладите генерации.

Зад филмот е Милош Милаковиќ, кого публиката низ целиот Балкан го запозна во хумористичната серија ,,Дневник’.

„Горд сум на овој мал проект. Извинете на англискиот јазик”, им порача тој на гледачите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…