Азар на пат за Мадрид: Челзи ја прифати понудата на Реал!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е завршена работа, а службеното објавување се очекува во текот на денот или најдоцна утре.

Англиските медиуми потврдија дека двата клуба конечно постигнале договор и Челзи се согласил за 100 милиони евра да ја пушти својата најголема ѕвезда.

„Сините“ најпрво бараа 120 милиони фунти за слободата на Азар, но Белгиецот е во последната година од договорот, па лондонскиот клуб мораше да попушти.

Со ова ќе се стави крај на сагата која траеше скоро цела година, па 28-годишниот Белгиец треба да биде првото големо засилување на „кралевите“ за следната сезона.

Азар од поодамна има договор со Реал Мадрид, па се очекува наскоро да следи официјализација на трансферот.