Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден Азар многу веројатно ја игра последната сезона во дресот на Челзи.
Се погласни се шпекулациите дека Белгиецот ова лето ќе го напушти Челзи и ќе се пресели во Реал Мадрид, а сега и самиот Азар призна дека донел конечна одлука.
„Донесов одлука. Се уште чекам околу развојот на ситуацијата. Им кажав на клубот пред неколку недели. Ја донесов одлуката, но не зависи се од мене“, истакна Азар.
Маурицио Сари после вчерашниот натпревар доби прашање за иднината на Сари, а тој порача дека клубот мора да ја прифати неговата одлука.
„Еден Азар направи големи работи за Челзи. Време е да ја прифатиме неговата одлука“, изјави Сари, а на прашањето на новинарот за каква одлука се работи тој одговори:
„Не знам, јас сум само тренер тука“.
Белгиецот пристигна во Челзи во 2012 година, во меѓувреме со „сините“ освои неколку трофеи, а има прилика да се прости од клубот со пехарот од финалето на Лига Европа.