Home Актуелно Авганистанскиот претседател ја напушти земјата

Авганистанскиот претседател ја напушти земјата

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани избегал од земјата откако Кабул падна во рацете на Талибанците.

Вчера светските медиуми објавија различни информации за местото каде што се движел авионот со Гани, а се споменувале Таџикистан, Узбекистан и Оман.

Според некои светски медиуми, повикувајќи се на објавата на авганистанската амбасада во Ташкент, главниот град на Узбекистан, дека амбасадата нема информации за претседателот на Авганистан, Ашраф Гани.

Кога и Кабул падна во рацете на Талибанците, кои практично за кратко време ја урнаа авганистанската армија со молскавична офанзива, вчера преку социјалните мрежи Гани објави соопштение дека го напуштил Авганистан за да спречи крвопролевање.

Исто така, рано утрово се огласи Казахстан. Министерот за надворешни работи таму рече дека, според неговите информации, Гани не е на територијата на Казахстан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…