Home Шоубизнис „Avengers: Endgame“ го запали еBay – вртоглави цени за еден билет

„Avengers: Endgame“ го запали еBay – вртоглави цени за еден билет

Билетите за премиерното прикажување на најновото филмско остварување од франшизата на Марвел, „Avengers: Endgame“, кои беа пуштени во продажба во вторникот, направија вистински хаос на интернет и го „запалија“ eBay.

Цените на влезниците на eBay достигнаа невидени суми, па така еден корисник за четири билети бара 5.000 долари, а друг продава два билети за премиерата во Њујорк по цена од 9.199 долари. На други огласи цените се „поскромни” и изнесуваат по 125 до 500 долари за билет.

Во Британија, за премиерата во Лондон, цените на билетите во онлајн препродажба се движат од 125 до 380 фунти. Станува збор за последниот продолжеток на филмот од Марвеловата колекција , кој премиерно ќе биде прикажан на 25 април .

Експертите предвидуваат дека само во првата недела на прикажувањето, филмот ќе заработи 282 милиони долари , така што ќе го надмине рекордот на претходниот продолжеток на Avengers: Infinity War, кој во првата недела заработи 258 милиони долари. Филмот ќе трае три часа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…