Стаклените украси ѝ го враќаат носталгичниот сјај на новогодишната елка
Годинава празничното украсување носи доза носталгија: во преден план се стаклените украси за елка. Од шарени лампиони со старински изглед до проѕирни висулци и необични фигурички, овие детали ги спојуваат спомените од детството со елеганцијата на современиот дом.