Наташа Павловиќ за годината во која изгубила тројца блиски: „Ја коментираа мојата тежина, а јас тагував“
Водителката на „Практична жена“ проговори за болната 2021 година, кога ги изгубила татко ѝ, поранешниот сопруг Марко Живиќ и кумот Бојан Лазаров. Додека пред камерите ја задржувала насмевката, се соочувала со длабока тага и со коментари за тоа зошто ослабела.