Зошто повторно им се враќаме на книгите, хартиените планери и хобијата?
Денес секој слободен миг го претвораме во можност да го провериме телефонот, да одговориме на порака или да изгледаме уште едно видео. Затоа активностите што не бараат екран добиваат нова вредност. Читањето книги, запишувањето обврски во хартиен планер… сето тоа е дел од трендот познат како analog wellness. Идејата е едноставна: не мора целосно да се откажеме од технологијата за да се чувствуваме подобро, но можеме свесно да избираме моменти кога ќе бидеме без неа.