Нови 19 регистрирани заразние со коронавирус во Македонија – вкупно 67 заразени до 10 часот утрово


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Регистрирани се нови 19 лица заразени од коронавирус во Македонија, чија заразеност во текот на денешниот ден ќе биде и официјално потврдена. Со тоа вкупната бројка на заразени во Македонија се искачи на 67, извести министерот за здравство, Венко Филипче.

Вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје на коронавирус се тестирале 71 лице. Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје, и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија.

Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.

Со ова, бројката на новозаболени до 10.00 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67.