Whelming – нов тренд и начин на манипулирање


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Таканаречената „преплавеност“ (на англиски поконкретно whelming) е нов, малку вознемирувачки тренд со кој сакате да оставите впечаток дека истовремено им се допаѓате на повеќе луѓе.

Тоа се постигнува така што на вашиот потенцијален партнер му ставате до знаење дека не сте единствениот кој е во игра, бидејќи сте „преплавени“ и со други понуди, без разлика дали е тоа вистина или не.

Со тоа, оној со којшто се допишувате или излегувате треба да смета дека сте атрактивни и посакувани.

Кога станувате жртва на овој вид на манипулација?

Како знак за предупредување е кога на личноста ѝ треба повеќе време за да ви одговори и користи фрази од типот: „Извини, се допишувам со многу луѓе па не успевам да им одговорам на сите“.

Може да се случи да добиете збунувачка порака која нема врска со темите за кои се допишувате со коментар – „извини, по грешка ти пратив на тебе“.

Оставајќи впечаток дека се преплавени со бројни понуди и со голем избор, ви укажуваат на тоа дека не сте им приоритет, а со тоа сакаат да постигнат да ве натераат да се потрудите повеќе за да го заслужите нивното внимание.

Оваа манипулација се споредува со различни начини на манипулирање и има за цел да си поигра со вашата самодоверба.

Бидете внимателни и воочете на време кога некој ја применува оваа тактика.

Извор: Кајгана