Обувките во боја на еспресо се најбарани оваа есен
Обувките оваа сезона се разновидни по изглед, но најактуелни за есен се сите нијанси на еспресо. Од каубојски чизми и современи мокасини до елегантни потпетици и патики инспирирани од ретро спортски модели, новата сезона носи спој од безвременска класика, впечатливи детали и удобност. Во преден план се топлите кафеави тонови, бордо акцентите и силуетите што им даваат карактер на секојдневните комбинации.