19 години од убиството на македонските бранители кај Вејце


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По повод 19-годишнината од масакрот кај селото Вејце, денес, во Битола, кај споменикот „Ангел“ лоциран кај градскиот саат, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, заедно со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска и директорот на Бирото за јавна безбедниост Сашо Тасевски, придружувани од претставници на други организациони единици на МВР положија цвеќе во знак на спомен на херојската смрт на четворицата припадници на Посебната единица при СВР Битола – Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски, како и на четворицата припадници на армиската единица “Волци“ – Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Игор Крстевски и Миле Јаневски.

На комеморативното одбележување на трагичното загинување на овие македонски херои учествуваа и претставници на локалната самоуправа на Битола, на политичките партии како и на семејствата на загинатите бранители.

Како што потенцираше министерот Чулев, со овој чин не само што се оддава должната почит кон огромната, неспоредливо најголема жртва на нашите бранители, туку се испраќа и јасна порака дека хероите никогаш не умираат, тие вечно живеат во нашите животи. Тој, исто така, нагласи дека министерството за внатрешни работи, во рамки на своите можности, и натаму ќе остане отворено за семејствата на нашите загинати бранители, за бранителските организации – секогаш да им излезе во пресрет на нивните барања и потреби.