Кујна без висечки шкафчиња: повеќе светлина и чувство на просторност
По отворените полици, сè поголемо внимание привлекуваат кујните без горни елементи. Со помалку шкафчиња на ѕидовите, материјалите, текстурите и внимателно избраните детали доаѓаат до израз, а просторот изгледа посветол, попрозрачен и поповрзан со дневната соба.









