Бордо и чоколадна за елегантен есенски маникир, а жолтозелената е сезонското изненадување
Со постудените денови се менуваат боите, должината и формата на ноктите. Впечатливите украси и екстремната должина им отстапуваат место на префинети нијанси, уредни форми и сјај што им дава негуван изглед на рацете. Оваа сезона се издвојуваат бордо во боја на зрела цреша и богатата чоколаднокафена.









