АТП: Ѓоковиќ на чекор до врвот, разликата е само 215 бода!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ од денеска и официјално е на второ место на АТП ранг-листа, откако победи на Мастерсот во Шангај.

Ѓоковиќ го помина Роџер Федерер и му се приближи на првопласираниот рафаел Надал на само 2015 бода.

Србинот не брани ниту еден бод до крајот на сезоната, а можност за искачување на челната позиција ќе има во Париз и завршниот турнир во Лондон.

Ранг на првите 10 тенисер во светот:

1. Рафаел Надал (Шпанија) – 7.660 поени
2. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 7,445
3. Роџер Федерер (Швајцарија) – 6.260
4. Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) – 5.860
5. Александар Зверев (Германија) – 5.025
6. Марин Чилиќ (Хрватска) – 4.185
7. Доминик Тим (Австрија) – 3.825
8. Кевин Андерсон (Јужна Африка) – 3. 775
9. Григор Димитров (Бугарија) – 3.440
10. Џон Изнер (САД) – 3.290