Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Поранешниот премиер, Никола Груевски, утринава успеа да го одложи рочиштето за случајот ТНТ на СЈО.
Груевски со образложение дека како пратеник треба да присуствува на пленарната седница во Собранието, каде на дневен ред се уставните измени, го убеди судијата на случајот, Огнен Ставрев рочиштето за рушењето на комплексот „Космос“, во сопственост на Фијат Цаноски, да го презакаже за 25. октомври.
Инаку, се уште до утринава во Кривичниот суд не е пристигната пресудата во врска во правосилната затворска казна на Никола Груевски врзана за случајот Тенк на СЈО, каде поранешниот премиер се товари за незаконско набавување на блиндираниот луксузен мерцедес.