Home Спорт Атлетико ја „врза“ својата ѕвезда во наредните СЕДУМ години!

Атлетико ја „врза“ својата ѕвезда во наредните СЕДУМ години!

Плејмејкерот на Атлетико Мадрид, Коке го продолжи договорот со „јорганџиите“ и се обврза на верност до 2024 година, соопшти шпанскиот клуб.

По долгите преговори двете страни конечно постигнаа договор за продолжување на договорот и Коке стави потпис на нов седумгодишен договор.

„Aтлетико е тимот на мојот живот и за мене е чест да бидам дел од неговата иднина“, изјави Коке веднаш по потпишувањето на новиот договор.

Спортскиот директор на „јорганџиите“ Хозе Луиз Перес изјави дека е многу задоволен што Коке останува во тимот за долг период на време.

„Коке го отелотворува она што значи да си во Атлетико. Тој е мотиватор, неуморно работеше и има неверојатна желба да се подобрува постојано. Тој е еден од лидерите на тимот“, рече Перес.

Коке ја помина целата своја кариера во тимот на „црвено-белите“, а своето деби во првиот тим го има на 17-годишна возраст.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…