Арсенал повеќе од една деценија не бил во ваква серија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со синоќешното дерби во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед, тимот на Арсенал ја зголеми серијата на 20 натпрвари без пораз во сите натпреварувања.

Тоа е најдоброто постигнување на „топџиите“ од 2007 година, кога запишаа 28 официјални натпревари без пораз. Притоа, ова е најдолгата активна серија во Топ 5 првенствата во Европа.

„Топџиите“ ја стартуваа сезона со два порази во првенството, од Сити и Челзи, но потоа влегоа во фатастична серија од 15 победи и 5 реми средби.

Покрај синоќешното реми Арсенал не успеа да победи против Кристал Палас (1:1), Ливерпул (1:1), Вулверхемптон (1:1) и Спортинг Лисабон (0:0).