Home Шоубизнис Армина Мевлани, албанска ретро принцеза со жешки облини

Армина Мевлани, албанска ретро принцеза со жешки облини

Армина Мевлани е фотомодел и бивша Мис Албанија од 2009 година, ТВ водителка, блогерка и бизнисменка.

Родена е на 6 јуни, 1991 во Тирана, а моментално живее и работи во италијанската престолнина на модата, Милано.

Армина има посетено многу земји, но вели дека југот од Франција е нејзина омилена дестинација за летните одмори.

26-годишната Албанка има дипломирано филозофија, а себеси се опишува како уметничка душа, сонувач и личност со добра смисла за хумор. Исто така, смета дека е забавна, искрена и верна, како и амбициозна во работата со која се занимава.

Кариерата ја почнала како ТВ водителка и уредничка на модно списание, а после тоа отвори своја продавница во која продава производи од различни брендови. Исто така, го води и блогот therebelheart.net, каде пишува статии за мода.

Армина истакнува дека три пати неделно практикува аеробик и танцува салса. Кога е во прашање исхраната, таа признава дека јаде буквално сè, но се труди нездравата храна да не биде секојдневие на нејзиното мени. Висока е 168 см, а тешка 56 кг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Арон Роџерс фатен на камера како упатува навреди кон клупата на Стилерс

Ѕвездата на Питсбург Стилерс, Арон Роџерс, имаше најдобра игра во младата сезона во недела…