Home Актуелно Арапскиот престолонаследник Мохамед бин Салман назначен за премиер на Саудиска Арабија

Арапскиот престолонаследник Мохамед бин Салман назначен за премиер на Саудиска Арабија

Престолонаследникот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман е именуван за премиер.

Поставен е на функцијата која традиционално ја врши кралот, според кралски декрет кој го објави официјалната новинска агенција СПА.

„Мохамед бин Салман ќе биде претседавач на Советот на министри“, се наведува во декретот на саудискиот крал Салман.

Во Саудиска Арабија кралот е шеф на државата и претседавач на Советот на министри, односно премиер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…