Еве колку пари месечно вбризгуваат САД во буџетот на Украина – „Тоа е вин-вин позиција за двете земји“, вели Зеленски


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Актуелната влада на Украина е силно поддржана со американски пари.

Поточно, Вашингтон придонесува со 1,5 милијарди долари месечно во украинскиот буџет, откри претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Тој ја спомна сумата во интервјуто за Си-Би-Ес за програмата „Соочи се со нацијата“, која беше емитувана во неделата, пишува РТ.

Во моментов Киев има „дефицит од 5 милијарди долари во нашиот буџет“, рече Зеленкси, додавајќи дека „САД ни даваат 1,5 милијарди долари секој месец за поддршка на нашиот буџет за борба“ против Русија.

Зеленски изјави и дека дека вооружувањето и военото помагање на Украина е „вин-вин“, односно двојна победа за САД. Тој вети дека штом Русија ќе биде поразена, украинскиот народ ќе се врати во својата матична земја и таму ќе почне да плаќа даноци, со што ќе се олесни товарот на американските даночни обврзници.

– За Соединетите држави тоа ќе биде значителна заштеда, но за нас тоа ќе биде можност да ја обезбедиме нашата територија и да ја направиме безбедна за нашето население – рече тој.

Претходно овој месец, администрацијата на Бајден побара од Конгресот да одобри околу 12 милијарди долари дополнителна помош за Украина, вклучително и 4,5 милијарди долари за финансиска поддршка на владата во Киев после септември. Згора на тоа, таа побара 2 милијарди долари за да ѝ помогне на Украина да ги надомести зголемените цени на енергијата.

Пакетот се очекува да биде одобрен во петок, но некои политички аналитичари се прашуваат дали паричните текови во Украина може да се одржат по среднорочните избори во ноември.

– Америка не може да си дозволи да обезбеди празна чековна книшка за Украина кога имаме инфлација, цени на бензин, криза во синџирот на снабдување, сето горенаведено, што се случува дома – изјави пратеник од Републиканската партија за Политико, кој сакаше да остане анонимен.

– Тоа е она што го слушам од моите гласачи.

Политико предвидува дека доколку Републиканската партија победи во Претставничкиот дом, Бајден ќе се соочи со поголем отпор на неговите барања за итна помош за Украина.