Апелација не им пресуди притвор на Груевски, Јанкулоска и Јанакиески


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Одбиени се сите жалби на СЈО за определување притвор за поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексшефот на Кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, потврдуваат судии од Апелациониот суд.

Одбиени се и нивните жалби за пасошите, така што остануваат без патни исправи и должноста еднаш неделно да се јавуваат во судот.

Oдлуките се анонимизираат и внесуваат во АКИМС системот, и за јавноста ќе бидат познати денес. На овие решенија странките немаат право на жалба.