Home Актуелно Апел од Гутереш на Меѓународниот ден за подготвеност за епидемии: Пандемијата од Ковид-19 нема да е последна – човештвото нека биде подготвено

Апел од Гутереш на Меѓународниот ден за подготвеност за епидемии: Пандемијата од Ковид-19 нема да е последна – човештвото нека биде подготвено

Актуелната ситуација во врска со пандемијата од Ковид-19 нема да биде последна за човечкиот род, а светот мора да се подготви за нови предизвици, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

„Ковид-19 нема да биде последната пандемија со која ќе се соочат луѓето. Како што реагираме на оваа здравствена криза, мора да се подготвиме за следната“, напиша Гутереш на Твитер.

Тој потсети дека денеска е Меѓународен ден за подготвеност за епидемијата, истакнувајќи дека е неопходно да се фокусираме на прашањето на пандемијата и да ѝ се даде значење што го заслужува“, пренесуваат агенциите.

На крајот на декември 2019 година кинеските власти ја информираа Светската здравствена организација (СЗО) за непозната форма на пневмонија во градот Вухан во централна Кина. Оттогаш, вирусот се прошири на сите делови на светот.

На 11 март 2020 година, организацијата ја прогласи епидемијата за глобална пандемија.

Според последните информации, повеќе од 280.338.290 луѓе се заразиле со коронавирусот ширум светот, повеќе од 5.416.730 луѓе починале како последица на инфекцијата, а над 250.368.750 заразени закрепнале.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…