Home Актуелно Анонимно лице го нудело на продажба тајниот исказ кој Кичеец го дал за случајот „Рекет“

Анонимно лице го нудело на продажба тајниот исказ кој Кичеец го дал за случајот „Рекет“

Анонимно лице го нудело за пари на друг адвокат тајниот исказ на осомничениот Зоран Милевски за случајот „Рекет“.

Непознато машко лице се јавило на еден од вклучените во одбраната и го понудил за пари, пренесува „Фокус“ повикувајќи се на извори во истрагата.

Според нашите информации, машко лице деновиве се јавило на еден од адвокатите и за пари му го понудил тајниот записник. Тој веднаш го прекинал разговорот и случајот го пријавил на обвинителката Вилма Русковска. Исказот на Кичеец засега е тајна за адвокатите на останатите осомничени, бидејќи обвинителката Русковска реши да не им го даде.

Наводно обвинителството дало налог да се прегледаат снимките од безбедносните камери за да се открие дали исказот протекол од обвинителството.

За случајот „Рекет“, освен Кичеец, осомничените Катица Јанева и Бојан Јовановски се уште немаат дадено исказ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…