Leopard мокасини, чизми со принт од змија и патики со кравји дезен – звучи диво, но изгледа крајно шик
Оваа сезона animal принтот не е повеќе „претеран“ – туку новото неутрално. Тоа е таа доза стилска храброст што го крева секој изглед на ново ниво.
Постојат трендови што се враќаат, но има и такви што никогаш не излегуваат од мода. Зимската сезона 2025 носи токму еден таков – animal принтот повторно буди интерес, но со порафиниран и умерен пристап. Леопард и snake мотивите се појавуваат како природно продолжение на личниот стил, со нота на дрскост и неизбежна елеганција.
Леопард мокасините веќе се „it“ чевли на сезоната – ги среќаваме во модни едитории, на Instagram профили кои вреди да се следат. Snake чизми, пак, стануваат новата класика – речиси како црни чизми, само со многу повеќе карактер.
Зошто повторно animal принтот е во игра?
Модата е циклична, но во овој случај враќањето има сосема логична позадина. Живееме во период на потрага по баланс меѓу сигурното и смелото. Доволен е еден впечатлив моден елемент за да се подигне цела модна комбинација – без многу труд. Длабоките зимски нијанси – бордо, топла камел боја и графитно сива – беспрекорно се спојуваат со animal принтот, правејќи го урбан, нослив и лесен за комбинирање.
Како да ги носите?
Во градот: леопард мокасини + прави фармерки и бела кошула. Класика со став.
На работа: snake мокасини или микро-леопард Mary Jane чевли под сиво одело – суптилен statement што го забележуваат само луѓето со стил.
За излегување: чизми до колена со snake дезен и плетено миди фустанче во вино боја – совршена игра на текстури и сензуалност.
За викенд: патики со принт од крава + крем панталони и волнено палто. Неформално, а впечатливо.
Детали што прават разлика
Текстура, не само принт. Новото animal издание не е „дивје“ – туку софистицирано. Сатенски snake детали, релјефни мокасини и pony skin текстура – изгледаат луксузно и на око и на допир.
Snake е фаворит. Ако барате инвестиција што ќе трае и следните сезони – вложете во snake принт.
Помалку бои, повеќе став. Нечисти тонови + animal детаљ = сигурен состав за одличен стил.
Не заборавајте заштита. Замш и модели од телешка кожа бараат заштитен спреј – луксузот се одржува со грижа.
Топ 3 модели вредни за вложување
1. Леопард мокасини – најпосакуваните чевли и дење и ноќе.
2. Snake чизми до колена – луксузно надградување на секоја комбинација.
3. Патики со animal принт – смел детаљ за секојдневие.
Animal принтот оваа зима шепоти самодоверба. Тоа повеќе не е симбол на екстраваганција, туку на модна зрелост. Бидејќи вистинскиот стил, како и инстинктот, никогаш не греши.
Погледнете ги нашите фаворити во галеријата.