Англиските експерти едногласни: Патот до работа треба да се смета како дел од работното време!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Патниците кои користат градски превоз толку често користат време на пат до работа да испратат мејлови, и тоа сметаат треба да биде вклучено во работното време, велат експертите.

Поширокиот пристап на бежичен интернет во возовите и раширената употреба на мобилните телефони го продолжува работниот ден, се наведува во студијата од Универзитетот во Западна Англија.

Студијата анализираше 5.000 патници на возови на градските линии во Лондон откако бежичниот интернет стана достапен.

Според оваа студија, 54% од патниците користат бежичен интернет во возовите, поради испраќање на мејлови во врска со својата работа.

Тие кои одат на работа испраќаат мејлови во врска со работата која ги чека, додека тие кои се враќаат ги завршуваат работите кои не стигнале во регуларното работно време.

Се покажа дека подобриот интернет влијае на тоа да се продолжат работните часови и луѓето во возовите да користат лаптопи и мобилни телефони.

Ова истражување го постави прашањето за рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот и дали е здраво да се продолжува работниот ден кога луѓето рутински одговараат на мејловите надвор од своето работно време, наведува Би-Би-Си.

Експертите го поставуваат прашањето, ако партот до работа станал практичен дел од работата, зарем и тој не би требало да се признае во работно време.