Home Спорт Англискиот гигант спреми понуда за Пјонтек

Англискиот гигант спреми понуда за Пјонтек

Криштоф Пјонтек минатата сезона беше сензација во Серија А и во јануари направи трансфер во Милан за 35 милиони евра од Џенова.

Полскиот репрезентативец се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, но оваа сезона едноставно се вклопи во сивилото на Милан.

Сепак, неговите квалитети се неспорни, па неколку европски гиганти ја следат ситуацијата, а најконкретен е Манчестер Јунајтед.

„Црвените ѓаволи“ се во потрага по квалитетн напаѓач во јануари, а Пјонтек наводно е најголема желба на Солскјер.

Англиските медиуми пренесуваат дека клубот од „Олд Трафорд“ спремил понуда од 50 милиони евра и смета дека таа сума ќе ги задоволи апетитите на „росонерите“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…