Ангеловски го објави списокот за натпреварите против Летонија и Словенија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски денес го соопшти списокот на повикани фудбалери за двата квалификациски натпревари за Европското првенство 2020.

Во составот како што се очекуваше од претходно го нема Арјан Адеми, но тука се Стефан Спировски и Иван Тричковски за кои настапот се уште е под знак прашалник. Повратници во репрезентацијата се Кире Маркоски, Дарко Чурлинов и Дарко Велковски.

Собирот на репрезентацијата на Македонија е закажан за 18 март во 12:00 часот во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје.

Натпреварот со Летонија ќе се игра на 21 март во Скопје, а три дена подоцна и гостуваме на Словенија.

„Горан Пандев ќе го игра 100. натпревар во дресот на Македонија. Знаеме кој е и што е. Сакаме да го зачиниме јубилејот со победа. Кога може 70.000 луѓе на нозе да го поздрават во Италија, мислам дека истото може да се направи и во нашата земја“, изјави меѓу другото Ангеловски.