Home Актуелно Андреј Жерновски се повлекува од трката за градоначалник на Центар, се префрла во извршна власт

Андреј Жерновски се повлекува од трката за градоначалник на Центар, се префрла во извршна власт

Андреј Жерновски ќе ја повлече кандидатурата за градоначалник на општина Центар, а за возврат ќе стане дел од извршната власт.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев во емисијата 24 Отворено.

СДСМ ќе предложи свој кандидат за градоначалник чие име ќе биде познато во среда.

Жерновски во повеќе наврати најавуваше дека доколку не биде кандидиран од СДСМ, на изборите ќе настапи сам со своја советничка листа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…