Home Актуелно АМСМ: Возете внимателно, во клисурите и засеците можна појава на одрони

АМСМ: Возете внимателно, во клисурите и засеците можна појава на одрони

Нормализиран е сообраќајот на патот Валандово – Удово што беше во прекин од 4:15 часот ноќеска поради сообраќајна незгода.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците е можна појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…