Home Вебкафе Американци возат стара руска Лада, ова ќе ве насмее до солзи (видео)

Американци возат стара руска Лада, ова ќе ве насмее до солзи (видео)

Двајца Американци од Лос Анџелес го тестираат рускиот автомобил познат како „жигули“. Нивното видео за само неколку недели стана сензација низ светот.

Предлогот е од страна на рускиот блогер Павел Суслова, а Американците Паул Хјустон и ЈТ одлучија да го возат моделот „VAZ-2106“ од марката „Лада“.

„Што е ова воопшто“- беше нивната прва реакција за овај стар автомобил. После деталниот преглед изјавува дека му наликува на „BMW“, но го смена мислењето после првото седнување зад воланот. А стариот волан го потсетувал на спагети.

На ЈТ му се допаѓале удобните седишта и менувачот кој се најдува одма до воланот. А го изненадило тоа што нема држачи за чаши.

Возењето беше весело, но Хјустон забележа дека во ваков автомобил возачот не може да се опушти. „Мора да се внимава на квачилото и кочниците. Но откако ќе го осетиш автомобилот, се е на свое место“, изјави Паул

Американците заклучија дека автомобилот е „еднставен“, но истовремено и „комплициран“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Долче фар ниенте: Како „ништо не правење“ може да биде најпродуктивната работа

Заборавете ја вината и препуштете се на чиста лењост — каде и да ве затекне летово, еве ка…