Американските експерти тврдат: Вакцинираните против коронавирусот не мора да одат во карантин после контакт со заразено лице


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лицата кои примиле целосна доза од било која вакцина против коронавирус, можат да ја избегнат стандардната 14-дневна постапка во карантин по изложеност со заразено лице, сè додека немаат појава на симптоми карактеристични за КОВИД-19. Ова го советуваат американските експерти за јавно здравје.

Центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) известуваат дека докажано е дека вакцините го спречуваат симптоматскиот ковид-19, за кој што се смета дека игра поголема улога во пренесувањето на вирусот отколку асимптоматскиот.

„Индивидуалните и општествените придобивки од избегнување на непотребен карантин може да го надминат потенцијалниот, но непознат ризик од пренесување (кај вакцинираните лица)“, истакнуваат од ЦДЦ.

Агенцијата поставила строги критериуми за луѓето кои по вакцинирањето повеќе не треба да бидат во карантин, вклучително и примање на двете дози од вакцината. Целосно вакцинираните лица кои не се во карантин мораат да продолжат да внимаваат на симптомите 14 дена по изложеноста.

Вакцините на Pfizer и Moderna во две дози се одобрени за итна употреба во САД. „Johnson&Johnson“ минатата недела аплицирале за одобрување од САД на вакцината со единечна доза.