Home Актуелно Американската амбасада во Скопје го одбележа Денот на независноста на САД

Американската амбасада во Скопје го одбележа Денот на независноста на САД

Американсиот амбасадор Џес Бејли во своето обраќање на прославата по повод одблежувањето на 4 јули Денот на независноста на САД, која се одржа вчера во просторот на Американската амбасада, истакна дека денес е време на надеж за Македонија. Граѓаните се со право фокусирани на формалните врски што ја поврзуваат Македонија со нејзините соседи со Европа, со САД, НАТО, ЕУ, Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија. Постигнат е значаен прогрес минатата година и во очекување сме на добри вести од НАТО Самитот следната недела.

Во својот говор во присуство на премиерот Зоран Заев, повеќе вицепремиери и министри во Владата, пратеници, лидери на политички партии од власта и од опозицијата, на претставници од институции од невладиниот сектор и од дипломатскиот кор тој се осврна и на вредностите кои ги поврзуваат двете земји.

– Народите на нашите две земји ја делат желбата за успех затоа што напорно работат без оглед кои се нашите семејства и кого го познаваме. Сакаме нашите закони да создадат еднаков амбиент за сите и сакаме нашите деца и внуци да го уживаат животот полн со можности, слобода и мир, порача амбасадорот Бејли.

Одбележувањето на 242 годишнината на независноста на САД помина во знакот на џинсот како автентичен американски производ и бренд кој опстојува од 19 век.

Традиционално прославата беше завршена со огномет.

Извор: Нова ТВ

Фото: Томислав Георгиев (Фокус)

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…