Home Актуелно Амди Бајрам во негов стил: „Сега сум со СДСМ, а после изборите – ќе видиме“

Амди Бајрам во негов стил: „Сега сум со СДСМ, а после изборите – ќе видиме“

Партискиот лидер на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам, на прес конференција пред новинарите рече дека останува во коалиција со СДСМ, порачувајќи дека станува збор само за медиумски шпекулации дека ќе коалицирал со ВМРО-ДПМНЕ, Бајрам изјави дека нема такво нешто и дека сето тоа било лага.

„Чиста лага, ни преговарам ни имам нешто со нив. Во коалиција сум со СДСМ и останувам со него и понатаму. Паролата на Сојузот на Ромите секогаш е дека сме со власта. ‘Титаник’ пропадна, па преминав на другиот брод“, рече Бајрам.

На прашањето дали ако на изборите победи ВМРО-ДПМНЕ, ќе премине во коалиција со нив, тој порача: „За тоа – потоа, сега сум со СДСМ и му дадов поддршка на лидерот дека на избори одиме заедно. Останувам со СДСМ, било што било некогаш“, нагласи Бајрам.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…