Амбер Херд повеќе им должи на своите адвокати отколку на Џони Деп


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Губењето на судската парница која ја водеше со бившиот партнер Џони Деп ја фрли актерката Амбер Херд во сериозни финансиски проблеми.

Извештаите кои излегоа во јавност поврзани со оваа парница велат дека Амбер им должи повеќе пари на своите адвокати отколку на Џони Деп, откако го загуби судењето против нејзиниот поранешен сопруг.

Според пресудата, актерката е должна на Деп да му плати нешто повеќе од 10 милиони долари, а според последните извештаи таа на адвокатите им должи уште поголема сума. Со оглед на тоа што нема доволно пари да му плати на поранешниот сопруг, таа поднела жалба на пресудата.

Откако судијата одлучи дека Амбер Херд мора да му плати на Џони Деп 10,2 милиони долари, сега е откриено дека актерката им должи близу 15 милиони долари на своите адвокати.

Долгот на Херд, кој е во милиони долари, е кон нејзините поранешни правни застапници и неколку осигурителни компании кои наводно се вклучиле во тужбата, но моментално одбиваат да и ги платат трошоците.

Актерката ја продаде својата куќа во САД, но тоа не е доволно да го покрие ниту минималниот дел од двата долгови.