Амбасадорот Бејли преку писмо ги искара судиите во Кривичен суд – се огласи и Заев


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во писмото кое амбасадорот Џес Бејли го испрати до македонските судии од Кривичниот суд апелира тие да не се повикуваат на американската амбасада или на самиот него кога носат одлуки за притвор, пренесува Сдк.мк.

Дека пристигнало писмо потврдија од скопска единица и за тв24. Според нашите информации писмото било во правец на поддршка на независноста на судството и владеењето на правото, но и порака за загриженост дека имало влијание од надвор.

„Информацијата за писмото беше споделена на колегиум, меѓутоа интенцијата не беше конкретна за некого, туку апел до судиите да се држат до независноста во нивната професија.“ – велат од Кривичен.

Дали причина за ова писмо биле изрекувањето на притвори на поранешните моќници Сашо Мијалков и Орце Камчев или пак е поврзано со предмети кои ги води СЈО и во кои беа изрекувани притвори, засега е неизвено. Од амбасадата на САД во земјава кратко одговорија:

– „Поради затворањето на американските владини служби, одговорните во Американската амбасада во Скопје не се достапни за коментар на писмото.“

Според првичинте информации Бејли изразил разочарување од информациите кои постојано стигнуваат до него дека судиите носат пресуди диктирани од амбасадата на САД. Писмото стигнало и до Апелација, Врховен, министерството за правда, од каде што потврдија дека е наменето за Кривичен суд, а на сите останати е пратено како кратка информација. Од кривичен велат дека вратиле одговор на писмото со ново писмо во кое изразиле благодарност за поддршката и сите напори кои ги вложува амбасадата за спроведување на владеењето на правото во земјава.

Премиерот Зоран Заев денеска во Собранието истакна дека ќе го отвори прашањето во Судскиот совет кое го покрена американскиот амбасадор Џес Бејли со писмото испратено до претседателите на судовите. Бејли од судовите побара „да не ја посочуваат Амбасадата на САД за одлуките што ги носат за притворите и пресудите“.

„Судскиот совет сигурно ќе донесе одлука. Ако имало таква работа, да се посочи и да се понесе одговорност. Ако немало да биде начисто Америка преку својот репрезент – американскиот претседател. Бидејќи кога зборува амбасадор, зборува земјата од која доаѓа. Ова е сигнал да превземеме одредени дејствија и да видиме што е причината да се дојде до такво писмо“, изјави Заев.

„За писмото разбрав од медиумите и сум загрижен од позитивен аспект. Му наложив на советникот за надворешна политика да се сретне со заменик амбасадорот и да добиеме појаснувања. Бидејќи Амбасадорот Бејли не е во земјава, и заменикот ќе може да објасни. Ако не, тогаш после празниците ќе разговарам со Бејли“, рече Заев.