Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Портпаролот на Алтернатива, Орхан Муртезани, на пресконференцијата која ја одржа вечерва соопшти дека Алтернатива донела одлука да и се приклучи на Владата.
„На седницата на Централниот совет на партијата се дискутираше и за вклучување на Алтернатива во Владата, а Гаши ги информираше сите за преговорите и превземените одбори. Централното собрание одлучи со мнозинство гласови одлучи да и се приклучи на актуелната Владата“, изјави Муртезини.
Како главни причини поради кои Алтернатива се одлучила на овој чекор, Муртезани ги наведе напорите за добивање на датум со преговори со ЕУ, решавање на спорот со Бугарија, како и договор за меѓународен мониторинг на „Монструм“.
„Постигнувањето на овие договори е победа за Албанците во Македонија, партијата и Македонија. Алтернатива успеа да докаже дека таа не е декор“, истакна Муртезини.
Од Алтернатива најавија нова прес-конференција утре на која ќе бидат соопштени детали околу тоа кои министерски места и ресори ќе им припаднат.