Home Актуелно Алтернатива бара од одметнатиот Реџепи да го врати пратеничкиот мандат

Алтернатива бара од одметнатиот Реџепи да го врати пратеничкиот мандат

Откако вчера пратеникот Скендер Реџепи-Зејди најави дека ќе настапува како независен пратеник во Собранието, од неговата партија Алтернатива велат дека станува збор за исклучиво лична одлука, а не за став на партиската структура.

„Алтернатива изразува жалење за оваа одлука на пратеникот Реџепи и ја известува јавноста дека оваа одлука нема да влијае на групата на пратениците на Алтернатива, ниту на парламентарното мнозинство, ниту на учеството на Алтернатива во извршната власт. Меѓутоа, е индикативно неговото повлекување во моментот кога македонската опозиција организира протести против парламентарното мнозинство, на за ова прашање треба тој сам да даде одговор“, додаваат од партијата.

Од таму велат дека мандатите на овој парламентарен состав се добиени во име на партијата, па затоа бараат Реџепи да го врати добиениот мандат во име на партијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…