Home Спорт Алегри му постави услов на Арсенал – бара 200 милиони за засилувања!

Алегри му постави услов на Арсенал – бара 200 милиони за засилувања!

И понатаму траат шпекулациите за тоа кој ќе го наследи Арсен Венгер на кормилото на Арсенал.

Пред последниот меч на Французинот на кормилото на „топџиите“, медиумите пишуваат за условите кои Макс Алегри му ги поставил на Арсенал.

Познато е дека актуелниот тренер на Јувентус е прв пик на раководството на „топџиите“, а сега е отриено кој е главниот услов кој го поставил Италијанецот за да ја прифати понудата.

Имено, Алегри бара 200 милиони фунти за засилувања и со таа сума сака да донесе пет нови играчи на „Емирати“.

Алегри е спремен да го напушти Јувентус и да се пресели во Премиер лигата, но само доколку од „топџиите“ добие голем буџет и одврзани раце за трансфери.

Сега топката е во рацете на Арсенал, кој треба да донесе одлука дали е спремен да издвои толку пари, со оглед на фактот дека следната сезона нема да игра во Лига на шампиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…